Голема пратка кинеска заштитна и медицинска опрема за Словенија

На аеродромот Брник крај Љубљана утрово слета транспортен авион на компанија „Сичуан Ерлајнс”, со кој пристигна и голема пратка заштитна и медицинска опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Опремата што ја набави Словенија се состои од заштитни маски и одела, респиратори и друга медицинска опрема потребна за справување со епидемијата на коронавирусот.

Премиерот Јанез Јанаш веста ја пристигнувањето на нарачаната опрема од Кина ја сподели на социјалните мрежи и напиша дека таа ќе придонесе и за по мирни Велигденски празници.

Треба да знаете
Последни објави