Skip to main content
Хроника

СП: Нова полициска акција – уапсени неколку припадници на МВР

04/11/2024  10:55

Двајца припадници на на Министерството за внатрешни работи и еден соработник на групата, синоќа биле уапсени во полициска акција, дознава „Слободен печат“.

Според нивните неофицијални информации, кои уште не се потврдени од Министерството за внатрешни работи, овие лица биле „фатени“ на „Скај“ комуникацијата со чија помош падна групата Грчец, предводена од Шеваљ Муареми кој се уште е во бегство.

Тој е водач на криминалната група, но засега им се суди само на неколку кои се на долниот дел од хиерархијата на оваа група.

„Слободен печат“ се обрати до Министерството за внатрешни работи, но официјална потврда се уште нема.