
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, се појави во популарното интернет шоу „Career Ladder“, каде водителот на скала се обидува да погоди професии на случајни минувачи за помалку од две минути.

Водителот успеа да ја погоди нејзината функција за нешто повеќе од една минута, откако Шекеринска спомена дека нејзината улога е политичка и дека често се среќава со лидери на држави.
Настапувајќи во шоуто, Шекеринска понуди неконвенционално, но впечатливо објаснување на својата работа – ја спореди со мусака, алудирајќи на комплексноста и разновидноста на задачите со кои секојдневно се соочува. Таа нагласи дека нејзината улога е насочена кон одржување и унапредување на безбедноста на над милијарда луѓе.