
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Ј.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство.

На 21.02.2025 во семејниот дом во тетовско, пријавениот, по претходна расправија со неговиот брат, физички го нападнал и со остар предмет се обидел да го повреди, соопштија од полицијата.