
Вчера на граничните премини низ Македонија можеше да се забележи голем метеж, а граѓаните чекаа со часови за да влезат или излезат од државата.
ТВ21 денеска праша колку граѓани поминале низ најфрекфрентите гранични премини „Долно Блаце“ и „Богородица“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, само во текот на вчерашниот ден низ овие два гранични премини поминале над 50 илјади граѓани.
Па така низ ГП Богородица за влез биле 4826 лица, додека пак за излез бројката е значително повисока и изнесува 19392 – вкупно 24218.
Низ ГП Долно Блаце пак, 16833 влегле, а за излез имало 10060 граѓани – вкупно 26893.
Извор: ТВ21