Нејмар е единствениот кој може да го замени Меси во Барселона

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Бразил, и светски шампион од 1994 година Мазино, смета дека напаѓачот на францускиот ПСЖ, Нејмар е единствениот фудбалер способен да го замени напаѓачот на Барселона, Лионел Меси.

– Ако Нејмар се врати во Барселона утре, ќе биде добро за Каталонците. Бразилецот е единствениот играч на светот кој може да го замени Лионел Меси, истакна Мазињо.

Нејмар премина во Пари Сен-Жермен од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.

По само една година мината во францускиот клуб, светските медиуми често се објавуваат гласини за можно враќање на Нејмар во Барселона.

Треба да знаете
Последни објави