Skip to main content
Македонија

Тошковски: Истрагата за пожарот во Кочани открива незаконито постапување и институционални пропусти

01/05/2025  21:04

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Само интервју“, изјави дека истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани укажува на системска и континуирана корупција. Тој нагласи дека командирот на полициската станица е осомничен за незаконито постапување и дека доказите покажуваат пропусти на повеќе институции. Според него, МВР не било информирано за употреба на пиротехника и не било во надлежност да делува без претходно барање. Тошковски ја обвини опозицијата за манипулации и истакна дека довербата во МВР расте поради неселективната борба против корупцијата.