Skip to main content
Економија

(Видео) ССМ на Првомајски протест: Минимална плата од 500 евра, веднаш!

01/05/2025  12:56

Пред Работничкиот дом денеска започна Првомајскиот протест во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, а поддржатнод други организации и иницијативи.

MK Summit

Пред Собранието, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов го повтори барањето за покачување на минималната плата која треба да изнесува 500 евра.

-Денеска на оваа страна од барикадите сме ние кои бараме достоинствена плата за достоинствена работа, од другата страна на барикадите се тие кои уживаат привилегии. Луксузот ваш е трудот наш. Ве молам, макар и симболично, да им го завртите сите грбот како што им го вртам јас, за да почувствуваат како е кога работник ќе ви заврти грб. Им ветивме дека ќе дојдеме повеќе, ќе дојдеме и многу повеќе, доколку не донесат измени на Законот за минимална плата и не ги зголемат сите останати плати, доколку не – ние на минималец, тие на минималец, истакна Трендафилов, претходно повикувајќи ги присутните да му свртат грб на Собранието.

По Собранието учесниците се упатија кон Стопанската комора каде што им беше порачано на работодавците „да не се кријат“ затоа што работниците „им го заработуваат лебот, а за нив не останува ништо“ и дека и натаму синдикатот ќе биде „на браникот на работничките права“.