Skip to main content
Македонија

Гаши: Први мај е денот кога оддаваме признание на сите кои чесно ја извршуваат својата работа

01/05/2025  11:23

Први мај, како симбол на борбата за работничките права, за социјална правда и достоинствен живот, е денот кога оддаваме признание на сите оние кои живеат од својот труд, кои чесно ја извршуваат својата работа, придонесувајќи за подобра иднина за себе, за своите семејства и за целото општество, напиша претседателот на Собранието Африм Гаши во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот.

Затоа, како што посочува Гаши, на Меѓународниот ден на трудот, упатува честитки до сите работници во нашата држава кои со својата секојдневна посветеност и труд се столб на нашето општество и економија.