Skip to main content
Култура

Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

01/05/2025  11:19

Еден од најдобрите полски режисери Грзегорз Кемпински ќе режира македонска претстава. Во продукција на независниот театар „Отпишани“, македонската публика, наесен, ќе има можност да ја види претставата „Животот е краток и нејасен“, чиј автор е македонскиот драмски писател Марјан Анѓеловски.

MK Summit

Сатиричната драма „Животот е краток и нејасен“, како што посочуваат од театарот „Отпишани“, преку еден апсурден начин зборува за системот на загубени вредности, кој го разорува корупција и колективно безумие. „Животот е краток и нејасен“ доаѓа по успехот на претставата „Среќен мртовец“ во продукција на театарот „Отпишани“, каде главната улога ја толкува легендарниот актер Благој Чоревски.

Грзегорз Кемпински е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.