Skip to main content
Македонија

Реакција на министерот Филков за палењето на куќата на Пандов: Одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители

30/04/2025  16:41

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.

MK Summit

-Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.  Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители. Правда мора да има и ќе има!, се вели во реакцијата на министерот Филков.

Викенд куќата на Пандов во скопското село Орешани беше опожарена вчера, а случајот во полиција ги пријавил лично тој. Полицијата, како што наведуваат, презема мерки за расчистување на случајот.