Skip to main content
Свет

Украински дронови погодиле фабрика за воена индустрија во Русија

30/04/2025  14:38

Дронови на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во текот на ноќта нападнале фабрика за производство на уреди за активирање муниција и компоненти за морнарицата и воената авијација, во Муром, во Владимирската област на Русија, јави Укринформ.

MK Summit

Извор од органите за спроведување на законот изјавил за Укринформ дека во текот на ноќта во фабриката се слушнале пет експлозии. Според прелиминарните извештаи, погодени се две згради и избувнал пожар.

– Фабриката за уреди Муром е вклучена во санкциите на Украина и на ЕУ бидејќи игра значајна улога во поддршката на руската воена агресија против Украина. Но, како што можеме да видиме, Службата за безбедност одлучи малку да ги прошири тие санкции, рекол изворот.

Според медиумските извештаи, во нападот со дрон во ноќта меѓу 29 и 30 април биле уништени магацин и контролен пункт во фабриката во руската Владимирска област.

Гувернерот на регионот, Олександар Авдеев, потврди дека имало пожар во „магацин што припаѓа на неименуван објект“.

– Беспилотни летала оштетија две згради: една се запали, а пожарот е локализиран. Втората претрпе помала штета, не дојде до пожар, а специјалисти работат на местото на настанот, напиша тој на социјалните мрежи.