Skip to main content
Скопје

(Фото) Огромна дупка со месеци го попречува приодот до дел од клиниките во ,,Мајка Тереза”

30/04/2025  12:55

Сообраќајниот хаос не е ништо ново во клиничкиот центар во Скопје.

MK Summit

Десетици илјади граѓани секојдневни мака мачат да најдат паркинг место, а проблем имаат и пешаците и оние во колички.

Иако секаде е хаос најпроблематично е влезот кон клиниките за кардиологија, неврологија, пулмологија.

Таму половина улица е со месеци длабоко раскопана поради што доаѓа до голем застој.

Дополнително проблем е што токму кај дупката се поставени и контејнери кои заземаат простор по што сообраќајот е уште повеќе закочен.

Иако ситуацијата е таква со месеци, никој. Е презема ништо за санирање на проблемот.