Skip to main content
Скопје

Ѓорче Петров со дронови и камери ќе го следи загадувањето низ општината

30/04/2025  10:39

Општина Ѓорче Петров доби современа опрема за еколошки мониторинг благодарение на прекуграничниот проект со Косово, финансиран од Европската Унија, кој има за цел подобрување на животната средина и справување со ризици од природни непогоди.

Проектот, реализиран во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка (2021–2027) кој се спроведува во партнерство со Општина Хани и Елезит, Министерството за животна средина и просторно планирање Косово, Меѓународен институт за развој и истражување Д-р Југослав Ачкоски и Дирекцијата за заштита и спасување на РМ е пример за успешна регионална соработка, порача градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски.

Ѓорче Петров доби:

– Две високо-технолошки камери со сензори поставени на критични точки за следење на фрлање отпад и појава на диви депонии.

– Сензор за мерење на водостојот на реката Лепенец, кој овозможува следење во реално време и навремено предупредување при ризик од поплави.

– Два дрона за аеронадзор на тешко достапни терени – за побрзи и поефикасни инспекциски активности.

Специјализиран камион-кипер за олеснета логистика и интервенции на терен од страна на општинските еко-тимови.

– Преку воведување паметни технологии – сензори, дронови и системи за надзор – добиваме нови алатки во борбата против загадувањето и климатските ризици. Ова не се само технички подобрувања, туку конкретни мерки што директно го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните и ја зголемуваат безбедноста на нашата заедница. Овој проект претставува вистински пример за тоа како локалната и централната власт, со поддршка од ЕУ, можат заеднички да работат за почиста, побезбедна и поодржлива иднина, порача градоначалникот Стојкоски.