Skip to main content
Македонија

УХМР со најнова најава: Што да очекуваме за 1 мај?

30/04/2025  09:50

Времето за 1 мај, четврток, ќе биде претежно сончево со услови за краткотраен локален дожд и грмежи, информира УХМР.

MK Summit

Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

В четврток попладне и в петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.