
За тоа кој ќе биде кандидат и кој ќе ја има шансата да биде наредниот градоначалник на Град Скопје, бидејќи и јас и целата јавност сме убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните локални избори, не само во Скопје, во најголем дел од општините низ Македонија, изјави во своето излагање градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во гостување во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер.
Ѓорѓиевски говореше за претстојните локални избори коишто треба да се одржат и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа не само во Скопје, туку во најголем дел од општините. Тој додаде дека градот Скопје потребно е да се менува од повеќе аспекти и дека доколку ја добие поддршката од претседателот и партијата, со конкретни проекти ќе ги објасни проектите коишто ќе ги понуди пред граѓаните.
-Скопје треба да се менува од повеќе аспекти, првенствено треба да се обезбеди гасификација во градот. Доколку ја добијам поддршката од партијата и претседателот, со конкретни локации ќе објаснам од проектите коишто ќе ги понудам пред граѓаните, колкава ќе биде финансиската рамка за истото, рокот на реализација и се останато, вели Ѓорѓиески за Радио Лидер и додава:
-Јас имам доста сработено зад себе, изминативе повеќе од три години во мојата општина. Од една општина каде што немаше основни услови за функционирање, општина во која што во 21 век требаше да се бориме со воспоставување на фекална канализација, водоводна мрежа, општина која немаше ниту еден парк, имаше проблем во секое училиште, немаше спортски сали, имаше над 350 дечиња кои што чекаа да бидат запишани во градинки, што значи еден куп наталожени проблеми. Успеавме да дојдеме до ниво често пати во јавноста нашата општина во моментов да се споменува за пример, заклучува Ѓорѓиевски.