Skip to main content
Македонија

Што ќе открие? Ќе се вештачи чаурата пронајдена во близина на телото на Панче Жежовски

28/04/2025  17:54

Судот на крајот на денешното прифати да се прибави видеозапис од експозититурата на Халкбанка за ден 27.11.2023 година од 9 до 12 часот. Испратена е наредба до банката за снимката, банката испратила одговор на 12.3.2025.

Не се прифати барањето да се повикаат како сведоци двете вештаци кои ја вештчеле чаурата, затоа што тоа барање не е доставено на време, согласно Законот за кривината постапка.

Се прифаќа да се изведе како доказ чаурата пронајдена кај Жежовски. На следната расправа ќе се доврши доказната поистапка и ќе се почне со дополнение на доказната постапка.

Следното рочиште е на 16 мај во 10 часот.