Skip to main content
Спорт

Усеини: Во Воска инвестирав и потрошив стотици илјади евра лични средства

28/04/2025  16:02

Еден ден откако прволигашот Воска Спорт официјално соопшти дека се повлекува од настапите во Првата македонска фудбалска лига, првиот човек на клубот, Нефи Усеини им се обрати на јавноста и навивачите на клубот и откри поради кои причини беше донесена ваква одлука, пренесе Гол.мк.

Имено, сопственикот на Воска Спорт истакна дека потрошил стотици илјади евра од лични средства, а неговата идеја била да се изгради клуб кој ќе обединува.

„Од основањето на клубот Воска Спорт мојата идеја и онаа на моите соработници беше јасна – да изградиме клуб кој нè обединува и нè претставува достоинствено, како држава, како град, како албанска заедница, не само на оваа страна, туку и подалеку.

Како претседател на клубот инвестирав и потрошив стотици илјади евра од лични средства, без никаква поддршка од друга институција или поединец. Ова го направив со срце, со страст и со убедување дека градиме проект со кој сите Албанци ќе се фалат. И фактите сами зборуваат -за кратко време успеавме да станеме дел од ПМФЛ“, меѓу другото истакна претседателот на Воска Спорт.

Охридскиот клуб, според пропозициите, се сели во најнизок ранг на натпреварување, а сите натпревари до крајот на сезоната ќе бидат регистрирани со службени 3-0 за противникот