
По повод 28 Април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во Општина Центар се спроведе обука за ракување со противпожарни апарати.
„Едукацијата за безбедносни процедури и правилно ракување со противпожарна опрема е од суштинско значење за безбедноста на секоја институција. Со знаење и навремена реакција спасуваме човечки животи и ја подигаме свеста на секој поединец” порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Обуката опфати теоретски и практичен дел, вклучувајќи основи на превенција од пожари, запознавање со различни типови противпожарна опрема и правилна употреба на апаратите за гасење на пожари. Преку симулации и вежби, учесниците стекнаа практични вештини за навремено дејствување при појава на пожар.
Обуката ја спроведе лиценцирана фирма за сервисирање на противпожарни апарати ,,Пламстоп”.