Skip to main content
Македонија

Превртен автомобил во тешка сообраќајка на раскрсницата кај Аеродром

28/04/2025  09:57


Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на крстосницата меѓу булеварот Видое Смилевски Бато и булевар Србија во општина Аеродром.

Во несреќата учествувале две возила, од кои едното завршило превртено на коловозот. Според првичните информации, за среќа, нема тешко повредени лица.

Сообраќајот на овој потег се одвива отежнато, а екипи на полицијата се на терен и работат на расчистување на местото на несреќата и утврдување на причините за судирот.