Search

УЕФА на средба преку видео конференција ќе разговара за три важни теми

УЕФА свика нова средба на која ќе се разговара, преку видео конференција, за различните опции за промени во календарот и презакажување на голем број на одложени натпревари низ цела Европа.

Двете работни групи, создадени пред две недели, ќе ги презентираат своите предлози и опции.

Покрај темата за тоа како ќе продолжат различните турнири и првенства, ќе бидат дискутирани уште две важни теми – договори за играчи и евентуални измени во тековниот систем на трансфер.

На состанокот беа поканети генералните секретари од сите 55 земји членки на УЕФА. Во претходната видео конференција, беше решено Европското првенство да се одложи за една година за да се даде можност н домашните првенства и евротурнирите.

Треба да знаете
Последни објави