Skip to main content
Хроника

Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

26/04/2025  09:48

На 26.04.2025 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје.

На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј”, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” и ул.„Костурски Херои”, тој со патничко возило „фоксваген” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.