Skip to main content
Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск

26/04/2025  08:42

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост Папата Франциск, што ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан.

Со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.

На последното испраќање на Папата на плоштадот Свети Петар, како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, најавено е присуство на бројни светски лидери – претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200.000 верници.

Папата Франциск на негова желба ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.