Skip to main content
Хроника

Почина Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора

25/04/2025  18:24

Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора и еден од најпознатите угостители во земјава, почина.

Тој беше активен борец за правата на угостителите во времето на пандемијата, кога поради мерките за заштита од коронавирусот беа затворани угостителските објекти.

Веста за неговата смрт ја објави братот Љубомир Јосифовски, кој е поранешен пратеник во Собранието.