Skip to main content
Скопје, Хроника

Тешка сообраќајна несреќа го “закочи” цел град – учествувале повеќе возила

25/04/2025  15:47

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево со учество на повеќе возила на раскрсницата помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје.

Несреќата предизвика голема гужва и долги колони возила, поради што се апелира до возачите да го избегнуваат овој дел од градот додека трае увидот и расчистувањето на патот.