Skip to main content
Македонија

Утре и за време на викендот дожд, некаде ќе има и невреме

24/04/2025  13:12

Утре и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, информира УХРМ.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето .