Skip to main content
Спорт

Еве колку пари се собрани од хуманитарниот меч Вардар – Црвена Звезда

24/04/2025  13:03

Нешто помалку од 100.000 евра се собрани од хуманитарниот натпревар кој минатата недела го одиграа екипите на Вардар и Црвена Звезда во име на настраданите во трагедијата во Кочани.

Според извршниот директор на клубот Миленко Неделковски, откако ќе заврши процедурата парите преку Црвениот крст на Македонија ќе бидат префрлени кај семејствата од настраданите.

Неделковски повторно се заблагодари на гостинот од Белград, кој е тука за нас како држава кога е најпотребно, и на сите оние кои што на најдобар можен начин го испочитуваа настанот, кој имаше предзнак хуманитарен. Мечот се подигра пред преполна Арена Тодор Проески каде имаше повеќе од 25.000 гледачи.