
Во вторникот вечерта, 83-годишниот затвореник Д.Д. од Македонска Каменица починал во Клиничката болница во Штип, потврдија од Секторот за внатрешни работи Штип.
Според официјалната пријава од казнено-поправната установа затвор Штип, затвореникот бил пренесен во болницата околу 14:00 часот поради нагло влошување на здравствената состојба. И покрај напорите на лекарите, тој починал во 20:30 часот.
Од болницата е констатирано дека нема видливи траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип. За случајот е известен и надлежен јавен обвинител.
Во моментов нема дополнителни информации за причината на смртта, а се очекува официјален извештај од обдукцијата.