Skip to main content
Свет

Земјотресот во Турција затекнат во емисија во живо – Новинарката видно се вознемири (ВИДЕО)

23/04/2025  15:32

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Истанбул во денес попладне, објави турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во близина на брегот на Силиври во Мраморното Море.

Всушност, силниот земјотрес ја затекна новинарката на Си-Ен-Ен Турк во студио, среде емисија во живо. Како што се гледа на видеото кое кружи на интернет, новинарката остана мирна во првите секунди од земјотресот, меѓутоа, како што поминува времето и се засилува земјотресот, таа ја фаќа паника и видно се вознемирува, но ја продолжува емисија професионално.

Земјотресот се случи во 12:49 часот по локално време и силно се почувствува во Истанбул и соседните области, што ги натера исплашените жители да ги напуштат зградите. Од тогаш има над 40 афтершок земјотреси со помала магнитуда, најсилниот е со јачина од 5 степени по Рихтер.