
Вчера околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека при вршење на градежни работи во с.Бардовци, скопско, била пронајдена стара експлозивна направа.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а била известена и Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за граната која најверојатно потекнува од Втората светска војна.
Гранатата ќе биде безбедно подигната од страна на Дирекцијата за заштита и спасување