Skip to main content
Македонија

Ограбен домот на Фатмир Битиќи – украден сеф со злато, пари и рачни часовници

22/04/2025  14:20

Сеф со злато, пари и рачни часовицни во вредност од околу 50.000 евра е украден од домот на Фатмир Битиќи пишува ORA24.TV.

МВР информираше дека вчера претпладне пријавена е кражба од домот на Фатмир Битиќи, поранешен пратеник и екс-претседател на СДСМ.

-На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информира МВР.

Изјава за инцидентот даде и самиот Битиќи за ORA24.TV, каде ја потврди кражбата:

„Да… Не би зборувал за детали“, изјави кусо Битиќи.