ЦУКС: Бидете претпазливи, возите по влажен коловоз

Сообраќајот на улиците во град Скопје се одвива непречено и покрај снежните наноси ова утро.

ЦУКС известува дека во овие утрински часови сообраќајот на сите улици, булевари и крстосници, се одвива непречено и без застој, со значително намалена фреквенција на возила на сообраќајниците,но по водени коловози поради снежните врнежи, токму затоа Центарот апелира до сите возачи да бидат претпазливи и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
Поголем број возила утрово се забележуваат на:
-бул. Киро Глигоров во насока на движење кон населба Автокоманда,
-бул. Гоце Делчев од мостот кон ул. Беласица и
-бул. Александар Македонски кон клучка Континентал
Известувањето важи за 8:10 ч на ден 23.03.2020г (понеделник)

Треба да знаете
Последни објави