
Дел од станарите добиле одобрение за поставување на кос покрив заради тоа што наводно протекувал, затоа што имаат рамна плоча, иако се работи за нова зграда.
-Увидот јасно покажа дека направен е груб обид да се добијат уште четири стана и практично уште еден кат плус во објект П+2+Пк. Инспекторот направи записник. Ќе се донесе решение за уривање, или граѓаните сами да ја отстранат оваа подготовка за четири нови станови, потенцираат од општина Карпош.
При проверка на натстрешница на зграда на улицата „Козле“ број 17, на лице место градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, градежниот инспектор и раководителот на Секторот инспекторат констатирале дека таа не е изведена согласно одобрениот проект од страна на секторот за урбанизам на општина Карпош. Воедно, било утврдено дека дел од станарите добиле одобрение за поставување на кос покрив заради тоа што наводно протекувал, затоа што имаат рамна плоча, иако се работи за нова зграда.
Од Општината информираат дека просторот бил поделен на четири дела, со подготовки на инсталации за кујни и тоалети.
-Увидот јасно покажа дека направен е груб обид да се добијат уште четири стана и практично уште еден кат плус во објект П+2+Пк. Инспекторот направи записник. Ќе се донесе решение за уривање, или граѓаните сами да ја отстранат оваа подготовка за четири нови станови – потенцираат од локалната самоуправа.
Исто така, била направена контрола и во гаражите и таму се констатирани градежни активности спротивно на одобрението за градба.
Од Општината ги замолуваат сите граѓани, особено во новоградбите, да не влегуваат во вакви авантури.
– Ни малку не нè прави среќни тоа што некои потрошиле десетици илјади евра, го прекршиле законот и одобрението за градба и практично тие пари ќе бидат фрлени во ветер. Уште еднаш ги замолуваме граѓаните, да не не’ доведуваат во вакви непријатни ситуации, изведбите на проектите да ги прават строго според одобрението за градба и да ги почитуваат правилата што ги пропишува Општина Карпош – велат од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека во наредниот период ќе продолжат со контроли на веќе изградени згради, а прекршителите ќе сносат законски санкции.
Следна каде што ќе оди општинската инспекција е зграда на улица „Никола Парапунов“, односно, гаражниот простор.
Извор: Вечер