Search

Продажбата на оружје во САД зголемена за 300 отсто

Продажбата на огнено оружје во САД рапидно расте во момент на ширење на инфекцијата со новиот коронавирус, јави американскиот телевизиски канал Еј-Би-Си.
Според каналот, приходите од една од најголемите американски продавници за оружје, ammo.com, се зголемиле за 309 отсто во февруари, и со порачки преку интернет зголемени за 222 отсто.
Во изјава на претставници на продавниците таквата ситуацијата е „без преседан“.
Експертите ја припишуваат зголемената побарувачка за огнено оружје на фактот дека заради коронавирусот и почитувањето на правилата утврдени од надлежните, полицијата ги насочи сите свои ресурси за борба со епидемијата. Ова доведе до драматично намалување на контрамерките и
разни видови проверки на населението.
Службениците во полициските станици само одговараат на итни повици, а помали инциденти се обработуваат преку телефон.

Треба да знаете
Последни објави