
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изрази надеж дека Русија и Украина ќе постигнат спогодба оваа седмица.
„Се надеваме дека Русија и Украина ќе склучат договор оваа недела. Двете земји тогаш ќе почнат да склучуваат големи зделки со Соединетите Американски Држави и ќе заработат богатство”, напиша Трамп на неговата социјална платформа Truth Social.
Според порталот Аксиос, Трамп минатата седмица разговарал за прекин на огнот со високи функционери од неговата администрација, меѓу кои и државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изразувајќи незадоволство и наведувајќи дека „преговорите не водат никаде”.