Охриѓанка се вратила од Швајцарија и избегала од дома, не се знае каде е ама ќе плати 3.000 евра

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по поднесената кривична пријава денеска до Основниот суд во Охрид достави Предлог за издавање на казнен налог за македонска државјанка со живеалиште во Р.Швајцарија. Обвинетата сторила кривично дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 март годинава, 47- годишната македонка допатувала од Р. Швајцарија – земја со висок ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација, преку граничниот премин Ќафасан.

Иако на 18 март дала изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација на адресата на пријавеното престојувалиште во траење од 14 дена со што ќе ја почитува изречената писмена наредба на министерот за здравство издадена на 16 март и Одлуката за мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19, не постапила по наведените обврски. Истиот ден обвинетата излегла од престојувалиштето и се упатила во непознат правец со што го сторила делото што и се става на товар.

Обвинителството до надлежниот суд во Охрид поднесе предлог на обвинетата да и биде изречена кривична санкција-парична казна во висина од 100 дневни глоби со 30 евра вредност на една дневна глоба.​

Треба да знаете
Последни објави