Skip to main content
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

19/04/2025  20:41

Под влијание на циклонска активнот со центар над Медитеранот, од понеделник (21 април) па се до самиот крај на следната седмица (недела 27 април) во нашата Републкика Македонија ќе има честа појава на врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината во текот на следната седмица ќе има честа појава на повремен дожд, кој во делови од котлината повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Температурите и покрај ова нема многу да се менуваат во однос на оние кои ги имаме сега, што значи ќе бидат пролетни, до рано – летни.

Да напоменам дека за време на овој влажен период, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 литри на метар квадратен дожд). Поради ова, можно е ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, а можни се и локални поплавувања.

Исто така, апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворено како и под осамени дрвја. Во случај на појава пак на силен ветер, граѓаните да внимаваат каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не бидат во близина на дрвјата.