Skip to main content
Хроника

Уапсен тетовчанец на „Табановце“ – бил баран со потерница

19/04/2025  14:35

Вчера во 21.30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полицијата го уапсила 32-годишниот М.Ј. од Тетово поради кражба.

„Имено при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека бил предмет на потрага по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик на РСМ“, соопштуваат од полицијата.