
Главното обележување на Велигден се вапсаните јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, но денес, многу нешта се промениле па и начините на бојадисување на јајцата.
Продавниците и пазарите се полни со најразлични фабрички бои и фолии за украсување на велигденски јајца, но многумина се одлучуваат да се потпрат на традиционалните методи. Боење јајца со природни бои повторно е во тренд каде се користат зеленчук и зачини.
Предности на боење јајца со природни бои
Здрав и еколошки пристап: Природните бои не содржат штетни хемикалии и адитиви, што ги прави безбедни за здравјето
Зачувување на традицијата: Употребата на природни бои ги зачувува врските со традицијата и културното наследство
Естетика: Природните бои често даваат меки, земјени и автентични нијанси кои се естетски привлечни.
Подготовка
Пред да започнете со бојадисување, треба добро да ги измиете јајцата. Најдобро е да користите бели јајца, бидејќи тие подобро ги апсорбираат боите. Пред бојадисување ставете ги во сад со вода и малку оцет за подобро да се впие бојата.
Природни извори на бои
Виолетова боја: За да ја добиете оваа боја, додајте 80 г чај од хибискус во тенџере заедно со измиени јајца и доволно ладна вода за целосно да ги покрие јајцата. Потоа додадете две лажици оцет, ставете го тенџерето на средна температура, оставете да зоврие, па намалете ја температурата и варете ги јајцата уште 10 минути.
Сина боја: Прекрасна сина боја може да се добие од виолетова зелка. Исечете ја зелката и додајте ја во водата со оцет, па варете додека јајцата не ја добијат сината нијанса што ја посакувате.
Жолта боја: Куркумата е одличен избор за жолта боја. Додадете неколку лажици куркума во топла вода заедно со јајцата и оставете ја бојата да се развие.
Црвена боја: Оваа боја се добива од лушпите од кромид. Соберете ги лушпите од кромидот, ставете ги во тенџере, додајте вода и јајца и сè заедно варете додека не го добиете саканиот интензитет на боја.
Кафеава боја: Во тенџере сипете 700 мл вода и три лажици мелено кафе, па варете додека не зоврие. Потоа тргнете го тенцерето од шпорет, процедете го кафето, додадете две лажици оцет и во водата ставете ги веќе сварените јајца. Оставете ги во растворот додека не ја добиете саканата нијанса.
По бојадисувањето, внимателно извадете ги јајцата и ставете ги на хартиена крпа да се исушат. Не очекувајте да добиете интензивни бои, напротив, ќе добиете светли јајца кои изгледаат природно. За да им дадете убав сјај, поминете ги со крпа која претходно сте ја потопиле во масло.