Skip to main content
Македонија

СДСМ: Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата молчи!

19/04/2025  11:06

Наместо вработените во низа институции да слават достоинствено Велигден, тие останаа бе платите кои во минатото редовно се исплаќаа пред празникот. Владата молчи, а илјадници семејства се оставени без приход и полни трпези заради неспособноста на Мицкоски и неговите министри, се вели во соопштението на СДСМ.

„Се работи за културни работници, инспектори, социјални службеници, вработени во економскиот сектор – луѓе кои секој ден работат за државата, а државата не им враќа со исто.

Ова веќе не може да биде случајност, ова е системски хаос и целосна незаинтересираност од Владата на ДПМНЕ.

Законот е јасен – плата до 15-ти во месецот. Но за Владата на Мицкоски очигледно не важат ниту закони, ниту обврски. За нив е важен само пи-арот, мангото и папајата. Работниците во сите сектори за оваа влада веќе цела година се на последно место, а оваа негрижа со платите само го потврдува овој тренд на целосно понижување на луѓето кое го прави Мицкоски.

Денес бараме одговор, зошто не се исплатени платите? Кој ќе сноси одговорност? И најважно – до кога државата ќе се однесува како да ѝ се “услуга” платите, а не обврска?

Платата не е подарок или желба на власта, туку право. И кога власта не си ги исполнува најосновните обврски, тоа е јасен знак – оваа Влада не функционира. СДСМ бара итна исплата на платите и отчетност од одговорните.

Секоја ден доцнење на платите значи притисок врз буџетите на граѓаните и работниците и доведување на овие грѓани во незавидна положба“, стои во соопштението.