Skip to main content
Хроника

Три возила учествувале во сообраќајката со три жртви, обвинителството ги истражува причините

19/04/2025  08:55

Од обвинителатвото информираат дека се утврдуваат причините за сообрааќајната несреќа во која животот го изгубија три лица.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево-Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.

Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.

По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Обвинителството.