Skip to main content
Балкан

РТС ги тужи студентите што блокираат

18/04/2025  16:17

РТС поднесе кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокадата, кои од 14 април блокираат објекти на медиумот во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Дополнително, на социјалните мрежи беа објавени телефонски броеви на тројца уредници и таканаречени „.потерници, што резултира со директна закана за безбедноста и животот на вработени“.

РТС бара да се идентификуваат сите училници за овие кривични дела и против нив да се покрене кривична постапка, итна реакција од претседателката на ЕК, еврокомесарот за проширување, претставникот на ОБСЕ во Србија, Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Србија, ОДХИР.
Од РТС се обратиле и до меѓународни организации за заштита на новинарите и до Европската асоцијација на јавни радиодифузни услуги, се наведува на веб-страницата на јавниот сервис на Србија.
Блокадата на РТС од страна на студенти и граѓани почна во понеделникот вечерта и се уште трае