Џонсон најавува нови ограничувања во Лондон

Mетрото во Лондон е затворено, ограничен е сообраќајот, а владата на британскиот премиер Борис Џонсон најавува воведување нови, построги мерки за борба против коронавирусот.

Пандемијата на коронавирусот ја предизвика најголемата здравствена криза во светот, незапаметена од пандемијата на шпанска треска од 1918 година.

Владите, компаниите и инвеститорите се вклучија во борбата против коронавирусот, при што светските берзи секојдневно пријавуваат значителни загуби.

На прашањето дали ќе донесе нови мерки во Лондон, Борис Џонсон, премиер на земјата која се смета за еден од столбовите на западната стабилност, рече дека не исклучува ниедна можност.

Британскиот премиер претходно побара од својата влада да достави планови за т.н. „заклучување на Лондон“, што значи затворање на продавници, намалување на јавниот превоз, забрана на јавни собири и други рестриктивни мерки.

„Од почеток велиме – ќе направиме вистинска работа, во вистинско време“, истакна Џонсон.

Во готовност се 20.000 британски војници, објавено е дека кралицата Елизабета Втора ќе го напушти главниот град и ќе се пресели во стариот кралски замок во Виндзор, а самата кралица се согласи да ја одложи посетата на јапонскиот цар на Англија за јуни.

Во меѓувреме, градоначалникот на британската престолнина Садик Кан ги повика граѓаните да изгуваат само во случај на итна потреба.

Во Велика Британија досега се потврдени 2626 случаи, починаа 104 лица, при што експертите предупредуваат дека може да се заразат уште 50.000 лица.

Треба да знаете
Последни објави