Претепан бугарски новинар кој го истражувал криминалното подземје

Бугарскиот истражувачки новинар Слави Ангелов вчера е нападнат и претепан пред неговиот дом во Софија. Тој се здобил со тешки повреди на главата и нозете, по што бил опериран. Според лекарите неговиот живот не е во опасност.

Четириесет и седумгодишниот Ангелов е главен уредник на неделникот „168 часа“ и новинар кој пишува за криминалот. Полицијата и Обвинителството го истражуваат нападот, кој според медиумите најверојатно е поврзан со пишувањето на Ангелов, кој е познат по своите текстови за криминалното подземје во Бугарија од 90-тите години од минатиот век, а пишувал и за корупцијата во областа на животната средина.

Нападот врз Ангелов го осудија бугарските и меѓународните новинарски организации и побараа брза истрага.

Треба да знаете
Последни објави