Search

Кортни Кардашијан го рекламира брендот на својата сестра Ким

Кортни Кардашијан покажа поддршка за помладата сестра Ким на својата Инстаграм-страница оваа среда.

Најстарата сестра Кардашијан крена бура кога ја покажа својата секси фигура во линијата долна облека на Ким, SKIMS. Во својата објава, 41-годишната Кортни напиша: „Слатки соништа“.

Последната објава на Кортни доаѓа среде гласини дека Ким е на работ на развод од сопругот Канје Вест.

Канје е третиот сопруг на Ким и татко на сите четири нејзини деца – Норт (7), Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (1).

Треба да знаете
Последни објави