Аналитичари: Пленковиќ го повлече ХДЗ кон десниот центар

Победата на Андреј Пленковиќ на партиските избори во Хрватската демократска заедница (ХДЗ) за политички аналитичари не е изненадување, ноизненадување е што и целиот негов тим победи, па таквиот резултат покажува дека старо-новиот лидер на владејачката партија го одвлече членството на ХДЗ кон десниот центар.

Аналитичарот Давор Џенеро вели дека ХДЗ е на доминантно место во десниот центар во хрватската политика, откако на внатрепартиските избори победи целиот негов тим.

Тој смета дека изборите што се одржуваат во време на многу непријатна криза влијаеле врз хомогенизацијата на партиското членство, што се собрало околу својот лидер.

– Многу поважен е фактот е што се покажа дека Пленковиќ, во својот мандат, го повлече, идеолошки, своето членство зад себе во десниот центар на политичката арена, бидејќи се чинеше дека ХДЗ се лизга кон десницата, рече Џенеро во изјава за Хина.

Тој ја спореди ХДЗ со две германски партии, демохристијанската ЦДУ и екстремно десничарската партија АфД.

– Се покажа тој АфД во рамките на ХДЗ како маргинален, адесноцентристичкиот, демохристијанскиот дел од партијатакако доминантен, што е исклучително важно за партијата, оцени Џенеро.
Тој смета дека големото прашање е сега какви процеси ќе се одвиваат по изборите.

-Не е невозможно, поголем дел од „алтернативниот тим” дека би можел својата среќа да ја бара во конгломерат, кој се појавува на десната маргина на хрватската политичка арена. Можно е овој изборен резултат да биде увертира за заминување на некои луѓе од партијата. Доброволно заминување би било далеку поудобно отколку да преживување во рамки на група со која овие луѓе не споделуваат темелни вредности, рече овој политички аналитичар.

Според него, сега е сосема замислива коалициска влада во која Пленковиќ би можел да соработува со сите партии кои спаѓаат во демократскиот дел од политичката арена, па така и со СДП.

– Секако, пред изборите, никој нема да најави таква опција, но тоа е една од опциите што ќе доведе до конечно демократско консолидирање на хрватската политичка сцена, вели Џенеро.

Политичкиот аналитичар Жарко Пуховски, како што рече, бил убеден во победата на Пленковиќ, но не и на неговиот тим.

– Нему му успеа она што му беше важно, да има свои луѓе за заменици и најмалку двајца потпретседатели. Затоа, тој целосно победи” рече Пуховски.

Тој верува дека изборниот резултат на Пленковиќ ќе биде под ревизија по претстојните парламентарни избори.

– Ако ХДЗ ги изгуби, сè ќе започне одново, но со нови кандидати против Пленковиќ, или Пленковиќ ќе си замине, рече Пуховски.

Тој верува дека тимот на Пленковиќ е „поразумна опција” за ХДЗ, но исто така и недвосмислено подобра опција за Хрватска.

– Проблемот е што со тоа се јакне десницата надвор од ХДЗ, веројатно е дека некој од ХДЗ ќе им се придружи. Сега тоа е само прашање на организациски вештини на Мирослав Шкоро, дали ќе успее да го достигне својот потенцијал, кој се движи до 15 проценти од гласачкото тело, за да се организира изборни листи кои би имале шанса на парламентарните избори, рече Пуховски.

Треба да знаете
Последни објави