Skip to main content
Спорт

(Фото) Почесен круг, аплауз и поддршка: Скопје ги поздрави легендите на Звезда

16/04/2025  22:13

Голем број легенди на Црвена звезда допатуваа во Скопје за да присуствуваат на хуманитарниот натпревар организиран во чест на настраданите од трагедијата во Кочани. На полувремето направија почесен круг околу теренот и беа дочекани со громогласен аплауз од публиката.

Фановите беа особено воодушевени од појавувањето на Владимир Петровиќ – Пижон, покрај него, присутни беа и Здравко Боровница, Станислав Караси, Недељко Милосављевиќ, Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски и други фудбалски великани.

Настанот покажа дека спортот има сила да обедини и во моменти на болка, но и на почит и хуманост.