
Екипите на Вардар и Црвена Звезда одиграа пријателски хуманитарен натпревар во Скопје во чест на погодените од трагедијата во Кочани, а заврши со резултат 1-3 со три гола кои паднаа во првото полувреме.
Дуелот се играше пред околу 25.000 гледачи, а имаше емотивни моменти посветени на Кочани – кореографија на Комити и прослава на Михаил Маневски на единствениот гол на „црвено-црните“.