Skip to main content
Хроника

Директор пријавил закани и вознемирување на вработените во неговата фирма

16/04/2025  18:13

Вчера во 12 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж од Република Турција, со престој во Скопје, директор на правно лице, пријавил дека околу 09 часот во просториите на правното лице во Скопје, Џ.Ш. од Скопје, сопруг на една вработена, му упатувал закани и ги вознемирувал останатите вработени, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.