Skip to main content
Македонија

Извршени две сложени интервенции на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје – првата операција на човек со прекумерна дебелина на државен трошок

16/04/2025  14:35

Две сложени интервенции биле извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, информираа надлежните на денешната прес-конференција.

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Огнен Костовски рече дека на 12 и 13 март биле извршани кадаварчини трансплантации на црн дроб, два бубрега. Нешто подоцна, фондовски поддржана, извршена била прва баријатрична процедура на пациент. Два дена траела вкупната хоспитализација.

“Петта кадаварчина трансплантација на црн дроб е ова со најуспешен тек”, подвлече Костовски.

Тој рече дека трендот продолжува и во иднина ќе се прават сите подготовки за почнување на трансплантационен процес од жив дарител.

„Пациентите за операција се бираат според повеќе критериуми. Секој кој разбра за оваа операција се јави кај хирург. Но, хирурзите не регрутираат пациенти. Пациентите се регрутираат преку Центрите за дебелина“, изјави Костовски.